Свет
31. August 2015 - 20:51

Во Германија уапсени 1.785 лица осомничени за криумчарење мигранти

Во Германија во периодот јануари - јули оваа година биле уапсени 1.785 луѓе осомничени за криумчарење мигранти, а се очекува таа цифра да биде наскоро и 2.000, соопшти денеска полицијата.

Меѓу уапсените 227 се од Унгарија, 147 од Романија, 110 од Србија, 108 од Сирија и 101 од Бугарија.

Германската полиција лани уапсила 2.149 луѓе осомничени за криумчарење мигранти и азиланти во државата.

Се очекува оваа година во Германија да бидат поднесени 800 илјади барања за азил, што е четирипати повеќе отколку минатата година.