-->
-->
Во Германија измерен нов рекорд 38,9 степени во јуни
-->

Во Германија е измерен нов рекорд за месец јуни откако во Бад Кројцнах, во централниот дел на земјата, живата во термометарот достигна 38,9 степени Целзиусови.
Само пред неколку дена во Кошен, во близина на границата со Полска, беа измерени 38,6 степени Целзиусови, со што е урнат 72-годишниот рекорд за месец јуни.
Германската метеоролошка служба соопшти дека вчера во Бад Кројцнах имало најмалку 38,9 степени. Подоцна, се појави информацијата дека живата се искачила на 39,3 степени Целзиусови, но од метеоролошка служба рекоа дека тоа не е потврдено.
Претходниот температурен рекорд, 38,5 степени, во Германија беше измерен во јуни 1947 година во југозападниот дел на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
