-->
-->
Во Гази Баба продолжено работно време за поднесување барања за легализација
-->
Службите на Општина Гази Баба заради истекот на продолжениот рок за поднесување на Барања за легализација на бесправно изградени објекти, утре и задутре ќе работат до 20 часот, додека во четврток на 31 март барањата ќе ги примаат до полноќ.
Во општина Гази Баба во првиот рок беа поднесени вкупно 15.587 барања за легализација на бесправно изградени објекти, решени се 6.940 од кои 5.800 позитивно, а увид од страна на комисиите е направен на 9.816 барања.
До денеска во продолжениот рок, поднесени се 1.656 барања, соопшти Општина Гази Баба.
Рокот за поднесување на геодетски елаборати е 31.12.2016 година, за
старите, односно 31.12.2017 год. за новоподнесените барања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иранскиот врховен лидер Хамнеи се закани со „разорен“ одговор на Израел и САД
-
МНР е во контакт со семејството за транспортирање на телото на загинатиот Македонец
-
Истражување: Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома
-
Дачиќ: Од 14 загинати, се уште не е утврден идентитетот на едно лице
-
Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци
-
Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно
-
Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија
-
ЕК: Македонија треба да донесе закон за здравје на животните согласно новото европско законодавство