-->
-->
Во гаснењето на пожарот во Белград вклучени и хеликоптери
-->
Акцијата за гаснење на пожарот што избувна во Кинескиот трговски центар во блок 70 во Нов Белград е многу сложена, се слушнале неколку детонации, а во гаснењето се вклучени и хеликоптери, изјави за Н1 началникот на Одделот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.
– Ваквите објекти се полни со запалив материјал. Имаме искуство со гаснење пред нешто повеќе од две години, кога успеавме да спасиме дури 200 локали од 360, меѓутоа, овде пожарот избувна многу брзо, наведе Чаушиќ.
Тој додаде дека пожарникарите пристигнале за 2,3 минути, а за пет минути почнале да го гаснат пожарот, што бил „во фаза на разгорување“.
Нема информации за повредени или загинати лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби
-
РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови