Македонија
3. јуни 2022 - 16:33

Во функција еден од три ер-трактори

Сезоната на шумски пожари, надлежните ја дочекуваат со еден авион за гасење од воздух. Од вкупно три, во моментов подготвено за интервенција е само едно летало. Како што појаснуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, во тек е реконструкција на уште еден „ер-трактор“, но засега ДЗС не прецизира кога ќе заврши неговиот ремонт во Шпанија.

„Вториот ер-трактор е во финална проверка и сервисирање и истиот се очекува скоро да се врати“, велат од ДЗС.

Во меѓувреме, според статистиките на од Центарот за управување со кризи велат дека, годинава не се очекувале шумски пожари од размери какви што беа ланските. Таквата слика се појавувала на секои пет до до седум години.

Освен авионот, при евентуална појава на шумски пожар, во неговото гасење, како што велат од ДЗС, подгвотвени да интервенираат и два хеликоптери на армијата. Единицата за гасење од воздух, годинава е засилена и со  хелихоптер на полицијата, а своите способности тој за првпат ги покажа на пожарот во Тетово.

Првите пожари во земјава, лани избувнаа во јуни, а во текот на летната сезона беа регистрирани вкупно 142. Апокалиптични сцени го обиколија светот од пожарите во малешевијата, а во нивното гасење, помагаа противпожарни бригади од Австрија, Романија, Словенија, Бугарија.