Во експлозија во Кабул најмалку две лица загинаа
Најмалку две лица загинаа, а 12 се повредени во денешната експлозија во близина на Министерството за надворешни работи на Авганистан, соопшти претставник на болницата управувана од италијанска невладина организација во Кабул.
„Примивме некои пациенти“, рече Стефано Соза од италијанската невладина организација Emergency, која раководи со хируршки центар специјализиран за третман на воени жртви во центарот на Кабул. Во твитот на невладината организација се наведува дека меѓу повредените има најмалку едно дете.
Тој рече дека инцидентот се случил во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.
Очевидци велат дека голема експлозија одекнала во близина на добро чуваната област во која се сместени неколку владини згради и странски амбасади.
Причината за експлозијата се уште не е позната.
Сепак, дел од локалните медиуми, повикувајќи се на непотврдени извори соопштуваат дека експлозијата е дело на бомбаш-самоубиец, кој при детонацијата убил шестмина цивили.
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
