Во две пробиштипски села се решава проблемот со водоснадување

Жителите на пробиштипското село Кундино ќе добијат вода до своите домови. Секундарната водоводна мрежа ќе биде приклучена на цеководот од хидросистемот „Злетовица“, кој е наменет за водоснабдување на жителите на општина Кратово.
Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека инвестицијата која се реализира во ова пробиштипско село е на локалната самоуправа и на Министерството за животна средина.
- Инвестицијата се одвиваше во неколку фази, сега сме во завршната фаза и добивме околу еден милион денари од Министерство за животна средина и дел од инвестицијата е на општината. Со поставување на приклучни шахти и кај Филтер станицата, која што е веќе изградена и во селото кај индивидуалните приклучоци што оди преку нашето комунално претпријатие очекуваме во рок од 15 дена целосно да биде завршено и пуштено во употреба со што трајно ќе го решиме водоснадувањето на селото Кундино, вели Тоневски.
Во селото Кундино живеат 50 жители, но во текот на викендите се полнат куќите со населението од Пробиштип и другите градови со цел да ги обработуваат своите ниви.
- Како општина ние паралелно со овој водоснабдителен систем работиме и на водоснабдителниот систем кој што почна пред неколку дена, а тоа е за селото Турско Рудари. Таму има поголем број на жители, но тие имаат стар водоснадителен систем, кој што доаѓа по природен пат, а сега со поврзувањето на водоснадителниот систем на село Злетово ќе има од две места водоснадување и во критичните летните денови кога се појавува проблем со водоснадување ќе бидат приклучени на водоводот од Злетово, рече Тоневски.
Во општина Пробиштип ќе останат уште три села на кои не им е решен проблемот со водоснадувањето, но Тоневски забележува дека и покрај тоа што се работи за села каде што живеат по пет или десет жители сепак тие како локална самоуправа ќе работата на решавање на овој проблем, со цел и на овие жители да им донесат до домовите квалитетна вода за пиење.
Ново на Сител
-

Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се од кражби
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
