Во длабочините на Атлантскиот Океан откриени 12 нови видови на жив свет
Тим од научници финансиран од Европската Унија наречен „Атлас проџект“, по речиси петгодишно издражување во длабочините на Атлантскиот Океан, откри 12 нови видови. Морската мов, мекотелите и коралите досега не биле откриени бидејќи дното е неистражено, велат научниците. Тие предупредуваат дека новооткирените животни веќе се во опасност поради климатските промени, пренесува Би-би-си.
Јаглерод диоксидот кој е апсорбиран од океанот го прави покисела средина, со што предизвикува корозија на скелетот на коралот. Според научниците „не е предоцна за да се заштитат овие специјални видови“ и околината каде што тие живеат.
– Може да се каже дека имаме подобри мапи за површината на Месечината или на Марс отколку за морското дно. Секогаш кога се нурнува длабоко во океанот, се открива нешто, не само индивдиуални видови, туку цели екосистеми – изјави професорот Џорџ Фолф, хемичар и специјалист за океани од универзитетот во Ливерпул, кој работеше на проектот.
Професорот Мареј Робертс од универзитетот во Единбург, Шкотска, го води проектот „Атлас“, за Би-би-си изјавил дека по скоро пет години истражување откриле некои „специјални места“ во океанот и разработиле „како функционираат“.
– Најдовме цели заедници формирани од сунѓери или длабоки океански корали кои формираат градови на длабокото море. Тие го поддржуваат животот. Така што многу важни риби ги користат овие места како места за мрестење. Ако тие градови се оштетени од деструктивни дејствија на човекот, тие риби ќе нема каде да се мрестат и функцијата на сите тие екосистеми ќе биде изгубена за идните генерации. Тоа е како што прашумата е важно место за биодиверзитетот на земјата. Истото се однесува и за длабочините на морето каде има важни места што треба да бидат заштитени, а што е најважно сите се поврзани – заклучува професорот Робертс.
Во проектот се вклучени истражувачи од 13 земји околу Атлантикот. Тие комбинираат океанска хемија и физика и биолошки откритија, за да се утврди како се менува океанското опкружување додека се загрева светот, а луѓето ги експлоатираат се повеќе морските длабочини за риболов и вадење на минерали.
Ново на Сител
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби