Свет
15. January 2016 - 13:11

Во диско запознала мигрант, го однела дома имале секс а потоа ја убил

Ешли Олсен (35) била пронајдена мртва во стан во Фиренца, а за нејзиното убиство е осомничен илегален мигрант од Сенегал, кого го уапсила италијанската полиција.
 
-Собравме многу сериозни докази за неговата вина, рекол обвинителот Џузепе Креко на конференцијата за новинари откако осомничениот бил уапсен и испрашан.
 
Тој појаснил дека убиецот Диав Чеик Тидиане ја сретнал Олсен во ноќен клуб и дека имале полов однос во нејзиниот стан под дејство на алкохол и дрога, по што ја убил.
 
Олсен била задушена рано во петокот, а аутопсијата открила и две скршени на коски и други повреди кои се покажале како фатални.
 
За време на испрашувањето Тидиане ја потврдил реконструкцијата на случајот.
 
Убиецот бил роден во 1988 година а пред само неколку месеци пристигнал во Италија.
 
Креко рекол дека Сенегалецот е роден во 1988. година и пред неколку месеци пристигнал во Италија, каде подолго време живеел неговиот брат.
 
Инаку, Олсен, по потекло од Флорида, во Фиренца живеела 3 години, со цел да биде со својот татко Валтер Олсен.