Во детската градинка во Виница три нови занимални за 50 деца

Детската градинка „Гоце Делчев“ во Виница ја заврши реконструкцијата на трите занимални со кои се згрижија 50 нови дец кои чекаа згрижување повеке од година дена.
- Веќе се целосно комплетирани трите нови занимални во централниот објект на Детската градинка “Гоце Делчев“ во кои згриживме уште 50-на дечиња кои чекаа на листата за сместување. Објектот се догради со средства од Буџетот на градинката, како и со помош на општината, а внатрешниот ентериер, кој уште се комплетира е донација од Министерството за труд и социјална политика. Вкупната инвестиција за проширувањето изнесува 3 милиони и 100 илјади денари, изјави Илија Јованов директор на градинката.
Јованов најави дека паралелно со оваа инвестиција, ќе биде распишан нов тендер за замена на поктивот на градинката, и хортикултурно уредување на дворот со средства од Швајцарската агенција за развој.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Останките на Цар Самоил пренесени во Софија
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
