Македонија
21. April 2019 - 18:06

Во Демир Капија најголема излезеност од сите четири општини во Тиквешко

Во Кавадарци до 17 часот гласале 47 отсто од гласачите, во Неготино 49,14, во Росоман 35,6, Демир Капија 52,78 проценти од граѓаните со право на глас, информираа претседателите на општинските изборни комисии.

Досега без проблеми тече гласањето во четирите општини од Тиквешијата.

Во Кавадарци право на глас имаат 32.109 граѓани. Се гласа на 59 избирачки места. Во Неготино, 15.805 граѓани со право на глас имаат можност да гласаат за претседател на државата, на 28 избирачки места.

Во Росоман, во избирачкиот список се запишани 3.358 граѓани со право на глас, а се гласа на десет избирачки места. Единаесет избирачки места се отворени во Демир Капија, а право на глас имаат 3331 лице.