Во Делчево и Македонска Каменица ќе бидат засадени 17 илјади садници
На територијата на Делчево и Македонска Каменица во рамки на утрешната акција „Ден на дрвото“ ќе бидат засадени 17 илјади садници на површина од 6,5 хектари. Ќе бидат засадени и 4 илјади садници во урбаните средини во Делчево и Македонска Каменица.
Како што истакна Јордан Димитровски, директор на ПЕ на Македонски шуми, „Голак“ Делчево, на територјата на двете општини ќе се сади на две локации.
- Првата локација е на територијата на општина Македонска Каменица, во селото Дулица, во месноста Кузминец и тоа на површина од 3 хектари, каде е планирано да се посадат 7 илјади садници од багрем и бор. Додека во Делчево, ќе се сади на површина од 3,5 хектари кај селото Драмче, месноста Омар. Овде е планирано да се посадат 10 илјади садници, рече Димитровски.
Тој додаде дека во урбаниот дел на Делчево, покрај Кејот на Брегалница во потегот на спортската сала и тениските терени, планирано е да се посадат 2 илјади садници, чемпрес и јавор, а во индустрискиот дел на Македонска Каменица ќе се посадат 2 илјади садници од чемпрес, багрем и јавор.
Инаку, од расадникот на ПЕ „Голак“ Делчево за потребите на оваа акција се дистрибуирани над 30 илјади садници на чемпрес, багрем и бор до претпријатијата во Скопје за пошумување на обиколницата и во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар