Во дел од струшките училишта ќе се реорганизираат смените
Реорганизирање на наставните смени во основните училишта во струшките села и настава во етнички мешани смени во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга било договорено на средбата на градоначалникот Рамиз Мерко со директорите на училиштата.
Целта на реорганизирањето на смените, како што имформира денеска градоначалникот, е заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на училишниот буџет. Досега, појасни, во училиштата во руралните средини, учениците од прво до петто одделение оделе само прва смена и по завршувањето на часовите имало поголема пауза до почетокот на втората смена, односно повисоките одделенија, кои имаат поголем фонд часови и завршуваат подоцна. Со измените, според Мерко, учениците од шесто до деветто оделение настава ќе поседуваат само прва смена, часовите ќе им завршуваат нешто пред 13 часот, за од 13 часот да продолжат пониските одделенија, чија настава ќе заврши околу 16 часот.
– Досегашната пракса докажа дека наставата со учениците од прво до петто одделение одржана од сабајле, трае многу пократко од наставата на учениците од шесто до деветто одделение, кои имаат повеќе часови. Со планираната ротација сметаме дека настава на двете смени ќе заврши порано. Реорганизирањето на наставниот распоред ќе заштеди електрична енергија, а со тоа и заштеда на училишниот буџет, истакна Мерко.
Тој иницирал и правење мешани етнички смени во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде наставата се изучува на македонски, албански и турски јазик.
– После 15 години во ОУ „Браќа Миладиновци“ од второто полугодие наставата ќе се одвива во мешани етнички смени. Досега учениците Македонци, Албанци и Турци учеа во различни смени, а од второто полугодие ќе продолжат да учат во мешан состав, со цел да им дадеме можност да се запознаат и да се дружат повеќе. Ќе продолжиме да работиме на обединување и подобрување на етничката атмосфера во градот, а посебно во училиштата, кои не треба да се етнички поделени, поларизирани и сегрегирани, рече Мерко.
На состанокот со директорите била донесена одлука јавните набавки, кои се објавуваат за секое училиште посебно, да бидат во еден заедничка набавка, што се очекува да резултира со подобро и полесно менаџирање.
Ново на Сител
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци | ВИДЕО
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
-

Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
-

Мицкоски: Законот за Скопје-Европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ, за да нема сомнежи ќе биде ставен на јавна расправа
