Во Дебарско за субвенции аплицирале над 500 земјоделци
Повеќе од 500 земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, досега доставиле барања за субвенции во Подрачнатата единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.
Според Арбен Муладаути, овластен раководител на единицата, се очекува бројот на барања дан биде поголем бидејќи се дава можност да може да се аплицира и по електронски пат. Лани, субвенции добиле над 900 земјоделци со вкупен износ од околу милион евра.
- Благодарение на финансиската поддршка што ја дава државата во последните години зголемени се површините кои се обработуваат, како и бројот на стадата овци. Колку за илустрација, наместо околу 20.000 грла овци, колку што во подрачјето имаше пред шест-седум години, сега има над 40.000. Освен што се зголемуваат обработливите површни во индивидуана сопственост, се зголемуваат и површините земени под концесија, а се во државна сопственост и тие сега изнесуваат 134 хектари, рече Муладаути.
Тој посочува дека повикот е отворен до 15 септември и оти сите потребни информации може да се добијат во Подрачната единица каде на земјоделците им помагаат и во пополнување на барањата.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда
-
Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет