Во Дебарско се одбележува празникот Курбан Бајрам
Со утринскиот намаз во сите џамии во дебарското муфтиство почна одбележувањето на големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
Во Дебар во новата Саат Кула џамија заедно со верниците беше и градоначалникот Ружди Љата.
Градоначаникот Љата, како и неговите колеги од Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди и Центар Жупа, Ариан Ибраим, по повод празникот упатија честитка со желби за добро здравје, љубов, мир, разбирање, толеранција и благосотојба.
Овој празник уште се нарекува и Аџи Бајрам, бидејќи во светите места Мека и Медина се реализира и петтиот столб од исламот-аџилакот.
Од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река годинава на аџилак се 36 верници.
По традиција денеска и во наредните три дена (празникот се слави четири дена) покрај меѓусебната посета на верниците од исламска релгија, нивни гости ќе бидат и оние од православна веросиповест,како што тоа во овие краишта е со векови.
Инаку, за овој празник според Здружението на сточарите продадени се над 650 овни за курбан.
Ново на Сител
-
Штети во Скопје по силното невреме
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско