Во Дебарско електрoнски здравствени картички подигнале 80 насто од осигурениците

Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, информира дека електронски здравствени картички подигнале 80 насто од вкупниот број осигуреници.
- Во евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување, се наоѓаат на 19 илјади осигуреници од двете општини Дебар и Центар Жупа. Од вкупниот број 80 насто или над 15 илјади се обезбедени со здравствени картички и тие непретечено ги користат. Останатиот процент отпаѓа на оние кои се уште не ги подигнале, или 10 насто, додека ист процент осигуреници не доставиле барање да им се изготви електронска здравствена картичка, изјави Јулијета Марку, раководителката на Подрачната служба на Фондот за здравство во Дебар.
Според Марку, подигнувањето на електронските здравствени картички се врши на шалтерите во подрачната служба, што подразбира дека осигуреникот може секој работен ден истата и да ја подигне или да добие информација дали неговата и картичката на членовите на неговото семејство е изработена.
- Она што треба да се нагласи е секако и измената која важи од почетокот на февруари минатата година од кога сите деца до 3 годишна возраст, немаат потреба од посебна електронска здравствена картичка, бидејќи детето правата од здравствено осигурување ги остварува преку еден од родителите, нагласува Марку.
Таа потсетува дека рокот на важност на картичката е пет години, по што истата треба да се замени со нова.
Ново на Сител
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
