Во Дебарско бесплатна бања и викенд искористиле над 360 пензионери

Поволностите од владиниот проект за бесплатна бањско климатска рекреација и бесплатен туристички викенд, досега ги исползувале над 360 пензионери од општините Дебар и Центар Жупа.
- Најголемиот број од нив или 320 биле на бесплатна бањско климатска рекреација, проект кој се спроведува од 2010 година. Пензионерите од здружението Дебар-Центар Жупа ова право го реализираат во Дебарските Бањи-Цапа, заедно со пенизонерите од општините од југозападниот регион на државата. Тие се презадоволни и од поволноста, но и од сместувањето и услугата која ја добиваат во бањите, информираат од деловната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Дебар.
Бесплатниот туристички викенд, како дел од владиниот проект, го искористиле 44 пензионери од двете општини.
Претседателот на здружението на пензионери Дебар-Центар Жупа Џавит Карпузи вели дека пензионерите од двете општини се повеќе од задоволни за грижата што Владата ја посветува на оваа категорија на граѓани.
Задоволство од реализаицијата на проектот искажуваат и во управата на Дебарски Бањи-Цапа бидејќи средствата остварени по овој основ се добредојдени и се насочуваат кон осовременување на капацитетите во двата бањски локлитети, Косоврасти и во Бањиште.
Ново на Сител
-

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
