Во дебарскиот шалтер доставени 400 пријави повеќе од лани
Поднесените даночни пријави до даночниот шалтер на УЈП во Дебар е поголем за 430 пријави, споредено со минатата година.
Според Гоце Веселиновски, портпаролот на Регионалната дирекција на УЈП во Тетово, во чии рамки делува и дебарскиот даночен шалтер оваа законска обврска ја исполниле 1.740 даночни обврзници, од општините Дебар и Центар Жупа.
Зголемување на бројот на поднесените пријави, додава тој, е збележан и на ниво на регионална дирекција.
- На ниво на регионална дирекција која ги покрива подрачјата на Тетово, Гостивар и Дебар поднесени се 33.876 или за 406 пријави повеќе споредено со лани. Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Тетово е задоволна од начинот на кој граѓаните ја исполнија нивната граѓанска должност и секако посебно од нормалниот тек во реализацијата на оваа активност, оценува Васелиновски.
Од опшините Дебар и Центар Жупа, лани оваа законска обврска ја исполниле 1.310 даночни обврзници или двапати повеќе споредено со претходната година. Лани пак на ниво на регионална дирекција, биле поднесени 33.370 годишни даночни пријави, што е за трипати повеќе споредено со 2014 година, кога биле поднесени 11 илјади пријави.
Ново на Сител
-
СДСМ: Обвинителството да реагира – корупција во министерството за дигитализација
-
По три обиди за грабнување на 40-годишна жена, по грешка ја грабнале Вања - ,,Особата беше идентична'', вели Манев
-
Таткото на Вања ја напушти судницата откако ги слушна деталите за нејзиното грабнување
-
Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето