Во Дебар меѓу новозаразените седумгодишно дете и момчиња на возраст од 20 и 29 години
Во Дебар вчера потврдените 12 нови случаи со Ковид-19 е едно седумгодишно дете, кое се заразило од контакт со блиско лице. Меѓу нив има и млади лица на возраст од 20 и 29 години, но главно се од 46 до 51-годишна возраст. Во Дебар, како и во општина Центар Жупа, како што оценија надлежните, епидемолошката состојба не се смирува, како и во други општини, што потврдува и бројката од над 40 новозаразени во текот на ова недела.
-За жал продолжува непочитувањето на мерките и протоколите. Преполни се кафулињата, маркетите, редиците луѓе пред банките, групирањето по домови, без при тоа да се почитуваат пропишаните мерки за заштита. Апелираме до сите да бидат внимателни и строго да ги почитуваат мерките, бидејќи само така ќе можеме да се заштитиме, апелираше епидемиологот Ментор Меља, раководител на Работната единица на Центарот за јавно здравје.
Во двете општни, кои беа прво жариште на заразата, досега опасниот вирус е дијагностициран кај 673 лица, меѓу нив и неколку деца на возраст до една година.
Моментно активни на болеста се 128 лица, од нив во Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар се хоспитализирани 10 лица, кои се на кислородна подршка, амбулантски се лекуваат во просек 10 до 15 пациенти дневно, додека неколку се третираат во здравствени установи во Скопје. Битката со опасниот вирус ја загубија тресеттина лица.
Ново на Сител
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров