Во Дебар и Центар Жупа строго се почитуваат препораките
Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните и движењето по улиците речиси е минимално.
Поставените контроли пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга, односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје“, потоа на Мелнички Мост на влезот кон Центар Жупа и кај ХЕ „Глобочица“ на излезот од оваа општина кон Струга функционират без проблеми.
Строго се контролира влезот – излезот само на возила, чиј проток се дозволува врз основа на препораките.
Цами кој е раководител на Секторот за комунална хигена во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ додава дека продолжуваат со миење на улиците во градот со вода, како и дезинфекција на контејнерите, кантите и корпите за отпад.
Директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили изјави за МИА дека во болницата има посебна соба за изолација, а до граѓаните упати апел за информации околу симптомите на коронавирусот да се обратат на бројот 194.
Во меѓувреме, како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, тестотвите вчера покажале негативни резултати за дебарскиот епидемиолог и техничарот од работната единица на Центарот за јавно здравје и тие веќе се на должност.
Вчера се потврдени нови пет случаи на заразени од Дебар, а во домашна изолација во двете оштини се над 40 лица.
Од безбедносен аспект, како што изјави за МИА,Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид, состојбата во Дебар и Центар Жупа и во изминатово деноноќие е стабилна.
-На терен, течат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини, вели Димоски.
Додава дека нема проблеми во однос на дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.
Во градот сè уште„заглавени“ се граѓани пред се од подрачјето на Река и Гостивар. Дел од нив се сместени кај роднини и пријатели, а за дел е обезбедено хотелско сместување. Се додека не ја минат вообичаената процедура тие остануваат тука.
Ново на Сител
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод