Во Дебар деветти ден без новозаразени од коронавирусот

Според денешните официјални податоци на Министертвото за здравство во Дебар и во последното деноноќие нема новозаразени со „Ковид-19“ .
Тоа значи дека новодијагностицирани во Дебар и Центар Жупа нема во изминатите девет дена, па бројот на заразени останува на 49 лица. Од нив две се од општина Ценатр Жупа, односно првозаразените сопружници, кај кои болеста беше дијагностицирана по нивното пристигнување од Италија.
Последно соопштените податоци говорат дека 23 од заразените се излекувани, додека за жал четворица починаа, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.
Жителите од двете општини строго ги почитуваат и препораките и мерките на надлежните.
– Во двете општини строго се почитува мерката за забрана за движење. Повеќе од десет дена не е регистрирано непочитувања на одлуката за забрана за движење. Полициските службеници реализираат мото-патроли низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид
Упати апел за совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.
Во продолжениот полициски час, улиците во двете општини се празни. Ретко може да се види само по некој земјоделец кој со потребната механизација извршува подготвителни работи за пролетната сеидба.
Ново на Сител
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
