Во Дебар 25-ти ден нема новозаразен од Ковид-19,мерките и понатаму се почитуваат

Во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во нашата држава, и во последното 25-то по ред деноноќие нема новозаразени со Ковид-19, информираат од општинскиот Оперативен штаб, повикувајќи се денешните официјлани податоци од Министертвото за здравство.
Бројот на заразени останува 51, од нив двајца од Центар Жупа, сопружници кои беа и прводијагностицирани по нивното враќање од Италија.
-Од вкупната бројка 47 се излекувани, од кои 16 во Клиниката за инфективни болести во Скопје, останатите се лекуваа во домашни услови, бидејќи имаа лесна форма на болеста. Регистрирани беа и четворица починати од Ковид-19, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа, додаваат од општинскиот Оперативен штаб.
Според полициската статистика,посочуваат, во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот не е регистрирано прекршување.
Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Во Дебар нема лица во изолација, освен едно лице во самоизолација.
Од штабот апелираат до граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, пред се носење заштитна маска, одржување физичка дистанца и одбегнување групирања.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
