Во Дагестан пронајдени 272 мртви фоки покрај езеро
– Специјалните служби на руската државна агенција за риболов во Дагестан пронајдоа 272 угинати фоки на бреговите на Каспиското Езеро во периодот од 6 до 10 декември, објави прес-службата на агенцијата.
Сè уште се истражуваат причините за смртта на животните.
– Од 6 до 10 декември, пронајдовме 272 фоки. Експертите ја пребаруваа областа од Махачкала до Сулак (на север) и од Махачкала до Самур (на југ), ги изброивме една по една. Не е исклучено да има уште насукани фоки, рече претставникот на руската државна агенција, додавајќи дека повеќето мртви фоки биле пронајдени меѓу Махачкала и устието на реката Сулак.
Истрагата ќе продолжи со цел да се утврдат причините за големиот број мртви животни, а Волга-Каспискиот отсек во моментов ги испитува можните причини.
Првично, прес-службата на државната агенција за риболов како можна причина за смртта го наведе можното присуство на вируси или бактерии поради неповолните услови во езерото.
Касписката фока е единствениот цицач кој живее во Каспиското Езеро и во 2008 година е прогласена за загрозен вид.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
