Во Црна Гора уапсен полски државјанин осомничен за милионска измама
Во Црна Гора е уапсен полски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница од Полска и Јужна Кореја и кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал.
Станува збор за Роман Зимијан (51), кој е осомничен за кривични дела од областа на економскиот криминал, а тоа е за сериозен вид измама од поголеми размери, перење пари, кражба и кршење на законот, што во Јужна Кореја се казнува со доживотен затвор.
Како што јави Радиотелевизија на Црна Гора, Зимијан е осомничен дека во соработка со неговиот партнер С. М. оштетил поголем број лица во Полска и Јужна Кореја, за сума од околу 21 милион американски долари.
Зимијан е и еден од основачите и сопствениците на фондот „Future net“, кој се занимава со трговија со дигитални и криптовалути, а по апсењето е изведен пред истражен судија на Вишиот суд во Подгорица со цел да се определи екстрадициски притвор, соопшти полицијата.
Ново на Сител
-
Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани
-
Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување
-
Јаневска: Обезбедена психолошка поддршка за учениците
-
Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни
-
Обдукцијата и идентификацијата завршени, кај сите настрадани во пожарот констатирана насилна смрт од задушување
-
Едно лице потешко повредено кога возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани
-
УНРВА: Во Газа има брашно за само уште шест дена
-
„Ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност, сакаат да ја префрлат вината“ - се огласи сопругата на Бектеши