Балкан
26. March 2019 - 21:57

Во Црна Гора разбиен канал за илегален транспорт на мигранти

Црногорската полиција разби мрежа за илегален транспорт на мигранти, при што приведе 17 лица во Подгорица и Никшиќ, меѓу кои и двајца полицајци.

Приведените се осомничени дека организирале криминална група, илегално ја минувале црногорската граница и криумчареле луѓе.

Тие се товарат дека организирале транспорт на мигранти, во групи од по пет до 10 лица, од Албанија, преку Црна Гора и Босна и Херцеговина, до Хрватска.

Полицијата претпоставува дека групата започнала со овие активности во мај минатата година.