Во Црна Гора од појавата на пандемијата невработеноста зголемена за 21 процент
Од воведувањето мерки за борба против епидемијата на коронавирус на 15 март годинава, невработеноста во Црна Гора е зголемена за 20,99 проценти, односно 7.446 лица останаа без работа.
Овие податоци беа презентирани од Горан Бубања, помошник директор на црногорскиот Завод за вработување во Секторот за евиденција и истражување во областа на вработувањето.
– На денот на воведувањето на мерките за борба против епидемијата на вирусот Ковид-19 (15 март), 35.466 невработени лица беа запишани во евиденцијата на Бирото (20.541 или 57,91 процент беа жени), така што имаше пораст на невработеноста за 7.446 лица или 20,99 проценти, изјави Бубања на „Побједа“.
Според него, на најголемиот број лица им е прекинат работниот однос поради истекот на договорот за работа на определено време – 4.159 или 82,05 проценти, потоа склучување договор со работодавачот за престанок на работниот однос – 311 или 6,13 проценти и исплатена отпремнина на работникот за чија работа нема повеќе потреба – 196 или 3,87 проценти.
Бројот на невработени од 15 март до септември годинава е зголемен во сите општини во Црна Гора.
Ново на Сител
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите