Во Чучер-Сандево прв пат се гради детска градинка

Во општина Чучер Сандево во изградба е прва градинка која ќе има капацитет да згрижи околу 150 деца. Досега децата од општината биле згрижувани во соседните општини или во општините каде работат нивните родители. Инвестицијата е на Министерството за труд и социјална политика и Општината.
- Денеска вршиме увид на градежните активности на градинката која треба да биде прилично голема и да зафаќа површина од околу 1000 метри квадратни. Се работи за заедничка инвестиција на Општина Чучер-Сандово и на Министерството за труд и социјална политика. Како Министерство и како Влада во изградбата и опремувањето на оваа градинка ќе учествуваме со осум милиони денари, додека пак околу 10 милиони денари ќе инвестира самата општина, истакна министерот за труд и социјална полтика Диме Спасов.
Со изградбата на нови градинки, додаде тој, се создаваат квалитетни и современи услови за ран детски развој, меѓутоа, како што рече, новите градинки значат и подобрување на квалитетот на живот на жителите во општините каде досега воопшто немало детски градинки.
- Станува збор за градинка која ќе има капацитет да згрижи околу 150 деца и е од голема важност за жителите на оваа општина со оглед на тоа што ова е и нивно долгогодишно барање, но и ветување на Владата дека ќе помогне во отворање на детската градинка. Очекувам општината, со оглед на фактот дека ние како МТСП веќе трансфериравме средства за доградба и опремување на овој објект, да го заврши целосно на почетокот на првата половина од 2016 година, истакна Спасов.
Секретар на општина Ацо Пршевски истакна дека детската градинка почнала да се гради во 2013 година со средства на Општината и очекува да заврши во првата половина од 2016 година.
Средствата, како што рече, во висина од осум милиони денари се доделени како помош од Владата.
Додаде дека ова било долгогодишна потреба на жителите на општина Чучер-Сандево. бидејќи, како што рече, сега децата од оваа општина кои се од предучилишна возраст се згрижени во Бутел, во Центар, во Ѓорче Петров или во други општини во зависност од тоа, како што рече, каде работат нивните родители или каде се снашле да ги запишат.
Ново на Сител
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
