Во четврток петто прскање против комарци во Скопје

На подрачјето на градот Скопје во четврток ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.
-Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива во четврток во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција, информираат од Град Скопје.
Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, додаваат од Град Скопје, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско и терестрично) против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско и терестрично) против ларви од комарци.
Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
