Во чест на Успението на Пресвета Богородица, од утре почнуваат богородичните пости
Богородичните пости секоја година започнуваат на 14 август (св. 7 мч-ци Макавеи)и траат до 28 август (Успение на Пресвета Богородица). По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена.
Овој пост е востановен во чест на Преображението Господово и Успението на Пресвета Богородица и се пости: во понеделник, вторник, среда, четврток и петок се пости без зејтин, во сабота и недела се пости со зејтин, а на празникот Преображение се јаде и риба.
До празникот Преображение, пред да започне постот и за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од празникот Преображение, кога и се благословува овошјето веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.
Ова е што се однесува за телесниот пост, но никако не смееме да го заборавиме и духовниот пост. Да се молиме, посебно на Пресветата Богородица за време на овој пост, читајќи го Нејзиниот канон, да вршиме добри дела и задолжително да се исповедаме за да можеме што поочистени да ги примиме Светите Христови Тајни.
Дните на Богородични пост да ни минат во чистота на срцето, добромислие и доброделие!
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“