-->
-->
Во Центарот за Јавно здравје - Кочани регистрирани 179 заболени од рак
-->

Нови 179 заболени од рак се регистрирани минатата година во Центарот за Јавно здравје - Кочани. Од нив, 46 се од Кочани, 33 од Берово, 24 од Делчево, 21 од Виница, 19 од Македонска Каменица и 7 од Пехчево. Ова денеска го истакна директорот за Центарот за јавно здравје во Кочани, Благица Ѓурковиќ.
Станува збор за број на заболени кој е пријавен од страна на матичните лекари кои ја следат состојбата со заболените пациенти.
Од Центарот за Јавно здравје во Кочани истакнуваат дека и натаму ќе ја следат состојбата со оваа болест во општините од регионот и ке работат на подготовка на информација за причинителите на болеста кај населението.
Досега во општините што ги покрива овој Центар за јавно здравје се регистрирани 1.054 заболени од рак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
