Во центарот на Прага демонстрации на приврзаниците на бегалците и нивните противници

На Вацлавскиот плоштад, во центарот на Прага протестираат неколку стотици лица од кои едните се против ширењето омраза и искажуваат солидарност со бегалците, а други против Европската унија, исламот и тековната миграција на бегалците во Европа, јави дописникот на МИА од Прага.
- Целта е да се изрази солидарност со бегалците и да се соочиме со ксенофобичните тенденции кои постојат во Чешка, изјави организаторката на една од акциите, Романа Червенкова.
Таа во својот говор подвлече дека бегалците се луѓе на кои им трба помош.
Организаторите на солидарната акција на себе имаа жолто-зелени рефлектирачки елеци со нацртани сонца кои делеа беџови на кои на англиски пишува „Добредојдовте бегалци“.
Тие носат знамиња на ЕУ и Чешка како и транспаренти на кои пишува „Не сакаме омраза во Чешка“, „И прататкото на Чехот беше имигрант“, „Забранете ги војните, а не луѓето“.
Чешката Влада донесе одлука до 2017 година да прифати 1.500 бегалци, од кои првите 400 во септември, што според демонстрантите не е голем број.
Противниците на миграцијата на бегалците, ЕУ и исламот, кои беа побројни ја повикаа Владата да не прима никого од миграциските бранови, да ги зајакне границите и по цена земјата да излезе од Унијата.
Насобраните луѓе го поддржуваа говорникот Јан Јискра кој порача дека не сакаат да се плашат за својот живот и не сакаат да чувствуваат страв дека се атеисти и поддржуваат рамноправност меѓу мажите и жените.
Ново на Сител
-

Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска
-

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи
-

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран
-

Уапсен 19-годишниот Македонец кој се бараше за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан
-

Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски
-

Запленети 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“, приведен е возачот
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
