Свет
9. April 2017 - 8:49

Во центарот на Осло пронајдена и деактивирана експлозивна направа

Норвешката полиција приведе едно лице откако синоќа во центарот на Осло пронајдена и деактивира експлозивна направа.

Полицијата не наведе повеќе детали за инцидентот, но блокира поголем дел од градот.

Сонителниот предмет - кутија со димензии 30 на 30 сантиметри бил откриен во трговската улица во Гронлан, мултиетнички кварт со голем број барови и ресторани, како и неколку џамии.

Во квартот живеат голем број имигранти од Африка и од Блискиот Исток, а лоцирана е и главната полициска станица на Осло.