Македонија
26. јуни 2023 - 16:38

Во Центар пронајдено лице во безсознание - било пренесно во болница каде подоцна починало

На 25.06.2023 во 10,30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„50-та дивизија“ во близина на угостителски објект на подрачје на Центар пронајдено е едно лице во безсознание, кое е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде подоцна починало, а смртта е констатирана од лекар, без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.