Македонија
25. December 2015 - 8:41

Во Центар најзагаден воздухот

Скопската општина Центар е најзагадена. Мерната станица регистрира концентрации на 431 микрограм ПМ10 честички на метар кубен.

Според мерењата загаден е воздухот и во другите скопски општини, Тетово, Битола, Кавадарци, Кичево и Кочани.

Во Тетово се регистрирани 310 микрограми, во Лисиче 273, Карпош 220, Гази Баба 206, кај Ректорат 154, во Кавадарци 133, во Кичево 124, Миладиновци 106, Кочани 980 и Битола 84 микрограми на метар кубен.