Во бугарското Собрание средба за прв мандат меѓу „Промените продолжуваат“ и ГЕРБ
Во бугарското Народно собрание денеска средба ќе остварат претставници на ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат“.
Средбата ќе се оствари на покана на претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, јави дописникот на МИА од Софија.
Од „Промените продолжуваат“ соопштија дека ќе одат на средба со ГЕРБ, но тоа не значи дека ќе го поддржат нивниот мандат, додавајќи дека ќе испратат експерти за дијалог за политиките што се подготвени да ги поддржат во својство на конструктивна опозиција. На средбата ќе учествуваат партиските лидери Кирил Петков и Асен Василев.
Претседателот на парламентарната група на „Промените продолжуваат“, Андреј Ѓуров, истакна дека тој и неговите колеги ќе одат на средбата за да кажат дека ќе поддржат 16 политики кои сметаат се за важни за Бугарија и нејзиниот развој.
Десислава Атанасова прецизираше дека доколку ГЕРБ-СДС не добие поддршка, тие ќе ја поддржат „Промените продолжуваат“ за втор мандат.
Во пресрет на средбата меѓу првата и втората политичка сиво во Бугарија, Даниел Лаурер коментира дека е исклучено дека ГЕРБ ќе го добие првиот мандат и дека тие ќе разговараат само за политики, а не за коалиција.
Ново на Сител
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано
-
Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска