Во бродската несреќа во Егејското море загинаа пет деца и две жени
Безживотните тела на уште пет лица биле пронајдени во морето северно од островот Инусес во Егејското море, со што бројот на загинати се искачи на седум лица откако утрово се преврти чамец, веројатно со бегалци и мигранти, jави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во морето биле пронајдени седум тела, меѓу кои четиригодишно дете и едно бебе, три деца и две жени, а спасени се 12 лица, пет мажи, три жени, три мали деца до шест години и едно 12-годишно дете.
И понатаму продолжува спасувачка акција во која учествуваат бродови на грчката крајбрежна служба, брод и авион на Фронтекс и хеликоптер на грчката воена морнарица.
Чамецот во кој имало околу 19 лица утрово, од засега непознати причини, се преврти северно од островот Инусес, што се наоѓа меѓу грчкиот остров Хиос и турското крајбрежје.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка