Во бродолом крај либискиот брег починаа или исчезнаа најмалку 40 лица

Најмалку 40 лица погинале или исчезнале во последниот бродолом крај либискиот брег на пловен објект што превезувал мигранти кон Европа, додека е можно 60-тина лица да се спасени, соопшти денеска портпаролот на Агенцијата на ОН за бегалци Чарли Јахлеј.
„До нас доаѓа ужасна вест за огромна загуба на животи во бродоломот крај либискиот брег“, пиша Јахлеј на Твитер , додавајќи дека засега има малку детали за несреќата.
„Шеесетина лица се спасени и вратени на брегот. Проценките се дека најмалку 40 лица погинале или исчезнале“, додаде Јахлеј во твитот.
Старите и трошни пловила, наполнети со мигранти кои се обидуваат да дојдат до Европа редовно имаат несреќи крај либискиот брег. Минатата недела повеќе од 100 лица погинаа во бродоломот, додека минатиот месец се преврте брод со 250 лица.
Изминатите години илјадници лица го загубија животот во Медитеранот од стотиците илјади кои се обидуваат да минат од Северна Африка во Европа, иако ОН наведуваат дека бројката на тие што сакаат да тргнуваат на ваков ризичен пат е се помала, пренесуват британските медиуми.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
