Свет
22. July 2019 - 20:01

Во Британија откриени четворица Албанци шверцувани во кутии во багажник на комбе

Четворица Албанци се пронајдени врзани во картонски кутии во багажник на комби возило откако платиле по 700 евра за да бидат транспортирани во Велика Британија.

Тие се откриени од страна на граничната полиција, а еден од членовите на криминалната група која го организирала нивното префрлување во Велика Британија е уапсен и ќе биде депортиран во Албанија по 20 месеци затвор, пренесува „Дејли мејл“.

Граничната полиција ги окрила откако го стопирала возилото кое патувало од Франкфурт до Дерби и побарала од возачот да го отвори багажникот, каде што имало шест картонски кутии залепени со лента.