Во Брисел втора донаторска конференција за Сирија
Во Брисел денеска и се одржува втората меѓународна конференција за Сирија организирана од Европска унија и од Обединетите нации со цел да се соберат финансиски средства за поддршка на политичко решение за конфликтот.
- Тоа е втора конференција на која учествуваат претставници на влади, на невладини организации и на меѓународни организации. Минатата година меѓународната заедница мобилизираше 9,1 милијарда евра за хуманитарни и развојни проекти, додека меѓународните финансиски тела најавија околу 27,9 милијарди заеми. Од 42 донатори, 33 целосно ги исполниле своите заложби, оценува Советот на ЕУ.
Оваа година конференцијата има за цел да ја одржи меѓународната заложба и да поттикне поголема поддршка за сириското население, за бегалците во регионот и за заедниците кои ги примаат.
Конференцијата треба да промовира „економско закрепнување“ и да изрази поддршка за политичко решение на конфликтот во рамките на ОН.
Околу 85 учесници се предвидени на оваа конференција. Бегалците ќе бидат една од главните теми. Невладината „Европски совет за бегалци и егзил“ предупреди дека Европа треба да остане место кое нуди азил и заштита за бегалците. Во спротивно ЕУ ризикува да го загуби кредибилитет и да даде лош пример на другите држави, изјави генералната секретарка на оваа организација.
ЕУ не успеа да го имплементира планот за релокација и квоти за бегалците предвиден од Европската комисија, поради отпорот на одреден број земји членки, особено во Источна Европа. ЕУ склучи договор и со Турција за таа да ги задржи бегалците на своја територија, во замена за финансиска поддршка. Договорот беше честопати критикуван од невладините и хуманитарните организации.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи