Во Бразил измерена највисоката температура досега
Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја.
Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица.
Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела.
Официјални лица на Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека во трите главни градови на бразилските држави ќе бидат забележани температури до 40 степени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил.
Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година.
Поради жештините, црвени предупредувања беа издадени во делови од земјата, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера.
Потрошувачката на енергија во Бразил скокна на рекордно ниво, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со клима уреди.
Ново на Сител
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
