Во Босна и Херцеговина е најавен почеток на преговори за договор со Фронтекс
Во текот на денешниот и утрешниот ден во посета на Босна и Херцеговина е Оливер Ониди, заменик генерален директор на Дирекцијата за внатрешни работи на Европската комисија (ДДГ), кој предводи делегација од претставници на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), Европол и Агенцијата на ЕУ за азил.
Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина соопшти дека целите на посетата се да се следи како земјата го спроведува Акциониот план на ЕУ за Западен Балкан и да се разговара за обврските, спроведувањето и можните потреби на БиХ за дополнителна поддршка во пет области од Акцискиот план.
Ониди ќе се сретне со министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ, државниот министер за безбедност Ненад Нешиќ и менаџерите од министерствата и агенциите на БиХ одговорни за граница, управување со миграцијата, азил, прием, визна политика, борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.
За време на посетата официјално ќе бидат отворени преговорите за Статусен Договор меѓу Босна и Херцеговина и Фонтекс, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Тој договор ќе му овозможи на Фронтекс да распореди сили на европската гранична и крајбрежна стража на нејзина територија на барање на БиХ за поддршка на граничното управување.
БиХ е единствената на Западен Балкан која нема Статусен договор со Фронтекс.
Отворањето на преговорите за ова е еден од приоритетите што БиХ треба да ги исполни пред состанокот на Европскиот совет во март, кога ќе се разговара за одобрување за почеток на претпристапните преговори на БиХ со ЕУ.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
-
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ