Во бомбашки напад во Ван повредени 48 лица
Четириесет и осум лица се повредени во напад со автомобил-бомба, извршен денеска во градот Ван, во претежно курдскиот југоисток на Турција, пренесе турската приватна телевизија НТВ.
Нападот беше извршен во првиот ден на големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Експлозијата се случи околу 11 часот, во област каде што се наоѓаат окружната централа на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и зградата на локалната Окружна управа, пренесува БТА.
Според пратеникот од АКП Бурхан Кајатурк цел на нападот била зградата на АКП.
Локалната власт на Ван соопшти за 48 повредени во експлозијата, вклучувајќи двајца полицајци.
Бесир Аталај, друг пратеник на АКП од округот Ван, изјави дека има сериозно повредени лица во експлозијата. - Зградата е заштитена со бетонски прегради, а токму спроти неа е поставена полицискиот контролен пункт,, објасни Аталај.
Силната експлозија била почуствувана во многу области на градот.
При експлозијата, во зградата на партиската централа избувнал и пожар, кој бил изгаснат со заедничките напори на пожарникари и полицајци. Искршени се прозорците и на околни домови и канцеларии.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Ставил рампа и наплатувал 90 минути паркинг за 50 денари на јавно земјиште во Чаир
-
Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка
-
Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот
-
Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица