Во близина на Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад
Кај депониjата Алинци во општина Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна селекција на отпад, прва во Македонија, инвестиција во вредност од околу 60 милиони денари, која ќе овозможи и 100 нови вработувања.
- Фабриката се планира да прерасне во модерен комплекс поврзан со заштита на животната среднина кој ќе овозможи селекција на отпадот, подобрување на еколошките аспекти на целиот регион како и нови вработувања, информираат од општина Прилеп.
Линијата за секундарна селекција на отпадот ЈКП „Комуналец“ од Прилеп ја набави уште во 2013 година и е со капацитет за преработка на 150 тони отпад во текот на 24 часа.
Во општина Прилеп во просек се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот за потребите на линијата ќе се надополнуваат со селекција на отпадот од депонијата Алинци.
Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали. Планирано е во оваа фабрика да се преработи целото ѓубре од депонијата и за 5 до 6 години депонијата да биде целосно затворена и рекултивирана.
По завршување на оваа инвестиција, кај депонија треба да почне и изградбата на компостара за биоразградлив отпад каде ќе се произведува компост. Според плановите, овој проект треба да се реализира до крајот на 2018 година.
За реализација на овие две инвестиции, изградба на халата за селекција и изградба на компостарата, ЈКП „Комуналец“ откупи приватно земјиште до депонијата во висина од 3,5 милиони денари.
Ново на Сител
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции