Во близина на Кавала се урна товарен авион управуван од украинска компанија
– Товарен авион Антонов управуван од украинска авиокомпанија се урна синоќа во близина на градот Кавала во северна Грција, соопштија локалните власти.
Локалните жители пријавиле дека виделе огнена топка и слушале експлозии два часа по несреќата, јави Екатимерини. Грчките Управа за цивилна авијација соопшти дека авионот летал од Србија кон Јордан. Оператор на авионот Ан-12, со турбопроп мотор од советско производство, е украинскиот карго превозник „Меридијан“.
Грчките медиуми јавија дека во авионот имало осум лица и оти превезувал 12 тони „опасни материјали“, главно експлозиви.
Но, локалните власти рекоа дека немаат конкретни информации за товарот и дадоа различни информации за бројот на луѓе во леталото. Како мерка на претпазливост поради силна миризба што доаѓа од местото на несреќата, координативниот комитет составен од општински, полициски и службеници од противпожарната служба им порача на жителите на двете населени места најблиску до местото на несреќата да ги држат своите прозорци затворени цела ноќ, да не ги напуштаат своите домови и да носат маски.
Властите велат дека не знаат дали имало опасни хемикалии во авионот.
Грчката управа за цивилно воздухопловство соопшти дека пилотот успеал да ги извести властите за проблем во еден од моторите на авионот и му бил даден избор да слета на аеродромите во Солун или во Кавала, а тој се одлучил за Кавала, која била поблиску, велејќи дека мора да изврши итно слетување.
Комуникацијата со авионот престанала речиси веднаш потоа. Авионот се урнал на околу 40 километри западно од аеродромот.
ЕРТ јави дека воени и експерти за експлозиви заминале кон локацијата, која се наоѓа на обработливо земјиште во близина на две села кои се дел од општината Пагајо. Ним ќе им се придружат и експерти од грчката Комисија за атомска енергија.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица