Во битолското село Поешево почна изградбата на монтажно училиште
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска го означи почетокот на изградба на монтажното училиште кое ќе работи во состав на подрачното училиште „Коле Канински“ во селото Поешево.
Училиштето ќе се протега на површина од околу 100 метри квадратни, а ќе има две училници, канцеларија, тоалети и простор за котелот за парно греење.
- Настава во училиштето моментно посетуваат 12 деца до петто одделение. Започнавме со реализација на еден од најважните проекти, а тоа е изградба на монтажно училиште и очекувам до крајот на оваа година, односно најдоцна до почетокот на второто полугодие децата да учат во новото училиште. Откако ќе се постави училиштето ќе се направи двор со игралиште, истакна градоначалникот Талески.
Проектот е финансиран од буџетот на општина Битола со околу 2,5 милиони денари.
Ново на Сител
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари