Во Битола се одржа ревија на носии „Традицијата оживува“

Приватна колекција на народни носии, од етничкиот предел Долни Полог, на колекционерот од Скопје Бојан Петковски, синоќа ги збогати содржините на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола.
На ревијата беа прикажани социјалните аспекти на женски народни носии од селата во околината на градот Тетово кои колекционерот и автор на ревијата ги собирал истражувајќи во периодот од четири години.
- Ревијата како сценско-уметнички проект е во функција на оживување на традицијата и затоа ја нареков „Традицијата оживува“. За време на ревијата девојките со носии пеат, покажаа дел од орската култура, инструменталната традиција и затоа станува збор за една синкретична форма, а не само ревија. Во ревијата се вклучија уметници од ансамблот „Македонија“ кои носеа носии на невеста, млада невеста, жена во средно доба, стара жена и стара жена во жалост, појасни Петковски.
Ревијата на народни носии „Традицијата оживува“ по синоќешното премиерно претставување на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола, во наредниот период ќе биде презентирана во Штип и во Скопје.
Ново на Сител
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
