Во Битола се одржа работилница за инклузија на малите деца
Центарот за човекови права „АМОС“-Битола во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“-Скопје, денеска во Битола одржаа работилница на тема „Подобрување на почитувањето на различностите и инклузијата на малите деца преку активности за градење на мир“.
Според Сашо Кочанковски, претседател на „АМОС“-Битола насилството кон децата претставува кршење на нивните права и претставува сигурна прогноза за преживување насилство и во подоцнежните години од животот, било да е тоа во улога на жртва или пак во улога на насилник.
- Во работилницата ги вклучивме лицата што најмногу влијаат врз децата во периодот на раниот детски развој, а тоа се воспитувачите, менаџерите на детските градинки од двата сектора, институции што вршат образование на деца со посебни потреби, студенти и други субјекти што ќе може да ја имплементираат програмата. Една од активностите е работа со децата низ игра со кукли, учење за мирот, почитувањето, недискриминација, надминување на стереотипите и други теми, истакна Кочанковски.
Реализацијата на проектот се врши со партнерски организации од повеќе држави односно „Помош за децата“-Белград, Центар за цивилна иницијатива-Загреб, „Партнери за деца“-Тирана, „Балкански сончогледи“-Приштина, „Децата пред се“-Подгорица и „Раните години“-Белфаст, Ирска.
- Во функција на проектот е изработен прирачник, превод од ист прирачник што го изработија „Раните години“ од Белфаст. Во наредниот период ќе се врши вмрежување со што поефикасно ќе се разменуваат домашните и странски искуства. Можноста да се врши влијание врз децата од рана возраст со посебен метод и приоди, поефикасно ќе се учат како да бидат правични, активни, слободно да се изразуваат и да придонесуваат во заедницата, посочи Кочанковски.
Ново на Сител
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел