Македонија
1. January 2020 - 9:44

Во Битола првото новороденче – женско

Првото новороденче во 2020 година во Битола е женско бебе кое на свет беше донесено пет минути по полноќ во Клиничка болница.

Женското бебе е тешко 3.530 грама и долго 50 сантиметри, велат од дежурната медицинска екипа на Гинеколошко-акушерското одделение на Клиниката.

Претпладнево, градоначалникот на Битола Наташа Петровска ќе ја реализира традиционалната посета на Клиничка болница и ќе додели пригодни подароци на среќните родители со новороденче добиено на 1 јануари во Новата година.