Македонија
31. March 2021 - 12:38

Во Битола пријавени 100 лица за вакцинација

Во најдобар ред започна вакцинацијата во Битола која се одвива во амбулантата на ОУ „Даме Груев“.  Граѓаните закажани преку Мој Термин доаѓаа навреме, се пријавуваа и беа повикувани во вакциналниот пункт каде најнапред им се вршеше медицински преглед од страна на доктор. Оние кои се вакцинираа, се надеваат на подобро.

-За подобро. Да го нема ковидот. Ќе видиме, никој не може да каже што ќе биди. Без никакви проблеми, мора да потенцирам дека многу љубезен беше персоналот. Се беше во ред, добро. Треба да биде подобро, времето ќе си каже, велат граѓаните.

Екипата од Здравствениот дом од вчера ги започнаа подготовките за вакцинацијата денес да се одвива во најдобар ред. Утрото помина без компликации, а граѓаните биле веќе информирани за вакцината.

-Вакцинацијата се одвива нормално, нема гужви се  е закажано, со време, организирани сме. После вакцината 15 минути мора да причекаат да не енастанат некои компликации, велат од вакциналниот пункт.

Како што истакна директорката на Здравствениот дом во Битола, овој објект е со најдобри услови.

-Обезбедени се сите услови препорачани од Министерството за здравство кои треба да ги има еден вакцинален пункт, обезбедени се екипи, кои во екот на вчерашниот ден ја примија втората доза на вакцинирање во Скопје, денес во 8 часот започнаа со редовно вакцинирање во амбуланатата на ОУ „Даме Груев“. Бројката дневна е 100 вакцинации, оди закажувањето преку Мој Термин, вчера пристигнаа 1400 вакцини, изјави д-р Весна Спировска, директор на Здравствен Дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола. 

Д-р Спировска вели дека понатамошното набавување на вакцините ќе биде континуиранo согласно потребите и завршувањето на вакцините.