Во Битола премиера на музичко-сценската драма „Надеж“
Камерна опера-Битола вечер во свечената сала на НУ Завод и Музеј, премиерно ќе ја изведе музичко-сценската драма „Надеж”, чиј автор е Маја Митровска, а режисер Васко Мавровски.
Дејствието се одвива под Пелистер, со поглед кон Преспанско езеро. Сите ликови живеат во свое време, информираат од Камерна опера-Битола.
-Посебен акцент се дава на мајката која чекори низ минатото и денес, мајката која бара утеха во молитвата. Мајката со својата божествена утроба во која се создава животот. Мајката како сенка од минатото, која се јавува како привидение. И надежта која не умира, прикажана преку наивниот карактер на една млада девојка. Во музичко–сценската драма се проткаени звуци и стихови на македонски композиори и поети. Со овој проект, нагласи Ирена Ружин-менаџер и продуцент, воедно потсетуваме и одбележуваме 60 години од првата изведба на опера во Битола.
Во музичко сценската драма „Надеж“ ќе настапат актерката Јулијана Мирчевска, Марина Коруновска – мецо сопран, Маја Митровска – сопран, Александра Јанковска – пијано, деца одТеатарска школа „Бабец” и Детски хор „Ѕвончиња”. Сценографијата ја изработи Владо Ѓорески, дизајн на светло Игор Мицевски, а технички соработник е Цветан Јовановски.
Во Камерна опера-Битола членуваат познати уметници, професори и ентузијасти кои се вложиле за развојот на културниот живот во Битола и оставиле незаборавни концерти и настани во поблиското и подалечното минато. Основач на Камерна опера-Битола е Академик Георги Здравев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи